Рекорден лет на националното беспилотно летало на Турција „АНКА“ од 26 часа и 30 минути

Во објавеното соопштение од Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) се истакнува дека националното беспилотно летало (ИХА) „АНКА“ со остварен непрекинат лет од точно 26 часа и 30 минути фрли потпис на еден нов рекорд

Рекорден лет на националното беспилотно летало на Турција „АНКА“ од 26 часа и 30 минути

Националното беспилотно летало (ИХА) „АНКА“ реализира лет кој што траеше непрекинато повеќе од еден ден (24 часа).

Во објавеното соопштение од Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) се истакнува дека националното беспилотно летало (ИХА) „АНКА“ со остварен непрекинат лет во времетраење од точно 26 часа и 30 минути фрли потпис на еден нов рекорд.

Во основните параметри на перформанс на „АНКА“ времетраењето на летање е прикажано како 24 часа.

Националното беспилотно летало (ИХА) на Турција „АНК“ исполнува задачи како што се извидување, набљудување, утврдување на фиксни/подвижни цели, собирање на разузнавачки снимки во реално време со цел утврдување, идентификација и следење и тоа деноноќно, вклучувајќи ги и лошите временски услови.



Слични вести