Ердоган: „Отсега натаму секој 11 ноември ќе се одбележува како Национален ден на пошумување“

Информациите и податоците во врска со кампањата за пошумување можете да ги прочитате на веб страницата на Министерството за земјоделство и шумарство

Ердоган: „Отсега натаму секој 11 ноември ќе се одбележува како Национален ден на пошумување“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека отсега натаму секој 11 ноември ќе се одбележува како Национален ден на пошумување.

Во указот што го објави по повод „11 ноември кампањата за пошумување“ претседателот Ердоган рече дека Турција со вкупната површина од 78 милиони хектари има богата разновидност од еколошки аспект.

„Шумите во рамките на ова богатство од аспект на видот и композициите имаат големо значење, поради што започнавме истовремена кампања за пошумување во целата земја.

Информациите и податоците во врска со кампањата за пошумување можете да ги прочитате на веб страницата на Министерството за земјоделство и шумарство.

Убеден  сум дека сите граѓани, од 7 до 77 годишна возраст  во 2023 пунктови во 81 град на Турција во рок од 3 часа ќе го дадат својот придонес на манифестацијата и околу 11 милиони фиданки ќе бидат насадени ќе го собориме светскиот рекорд“ рече Ердоган.

Претседателот Ердоган најави дека во указот 11 ноември го прогласи за национален Ден на пошумување.



Слични вести