Кина во вселената испрати сателит за набљудување со висока резолуција

По САД и Русија, Кина со брзиот развој во последниот период покажа дека и таа е вклучена во „натпреварот во вселената“

1299784
Кина во вселената испрати сателит за набљудување со висока резолуција

Кина во вселената го испрати сателитот за набљудување Гаофин-7 со 3Д резолуција кој ќе може да снима снимки со висока резолуција.

Според веста на агенцијата „Синхуа“, сателитот Гаофин-7 кој беше развиен и усовршен од страна на Кинеската академија за вселенска технологија во вселената беше лансиран од центарот за лансирање сателити Тајуен со ракетата Монг марч (Долг марш) – 4Б.

Сателитот Гаофин-7 располага со висока резолуција од еден метар на шест и со тридимензионалните податоци ќе се користи во истражувањата на земјината површина, цртањето на картите, урбанистичките планови, изградбата на градовите и руралните подрачја, собирањето на статистичките податоци.

Главни корисни на сателитот ќе бидат Министерството за природни ресурси и Министерството за урбанистички и рурален развој на Кина.

Од друга страна пак ракетата што го носеше сателитот Гаофин-7 истовремено во орбитата го постави и сателитот што го направи за Судан.

Кина, проектот Гаофин го започна во 2010 година со цел да обезбеди појасни фотографии и снимки на земјината површина. Во тој контекст во 2013 година во орбитата во вселената беше испратен Гаофин-1, во 2014-та Гаофин-2, во 2016 Гаофин-3, во 2015 Гаофин-4, во мај 2018 Гаофин-5, во јуни 2018 Гаофин-6.

По САД и Русија, Кина со брзиот развој во последниот период покажа дека и таа е вклучена во „натпреварот во вселената“ и со проект-сателитите за перцепција од далеку, глобалното позиционирање и сателитите за набљудување, изградбата на постојната вселенска станица во орбитата, истражувачките активности и проектите на Месечината, Марс и Јупитер до 2045 година планира да биде „лидер во вселената“.



Слични вести