Летечкиот такси достигна брзина од 100 км

Германската компанија Лилиум, летачкиот такси планира да го реализира во 2025 година во големите градови и успешните летови го поттикнуваат зголемувањето на производствениот капацитет

1292615
Летечкиот такси достигна брзина од 100 км

Германската компанија „Лилиум“ со седиште во Минхен која беше иницијатор на проектот летачки такси на првиот пробен тест со електричното летачко такси кое може да слетува и полетува вертикално, достигна брзина од над 100 км на час.

Во соопштението кое беше објавено од страна на компанијата беше истакнато дека летачкиот такси со капацитет на места за седење од пет лица, првата етапа на тестот ја помина достигнувајќи брзина од над 100 км на час.

Германската компанија летачкиот такси планира да го реализира во 2025 година во големите градови и успешните летови го поттикнуваат зголемувањето на производствениот капацитет.

Во соопштението меѓудругото беше истакнато дека компанијата Лилиум која има 350 вработени, наскоро ќе ја изгради и втората фабрика и до 2025 година ќе вработи уште 500 работници.

На крилата на летачкиот такси се наоѓаат 36 електрични мотори.

Кога летачкиот такси целосно ќе биде спремен за летање ќе располага со домен на летање до 300 км и ќе може да достигне брзина од 300 км на час.



Слични вести