Од Антарктикот се откина огромен леденик тежок 315 милијарди тони

Оргомна ледена планина со маса од 315 милијарди тони се откина од големата ледена плоча „Амери“ на Антарктикот, меѓутоа според научниците откинувањето на вакви ледени планини е нормално и тоа не е поврзано со климатските промени

1279701
Од Антарктикот се откина огромен леденик тежок 315 милијарди тони

Како што се истакнува огромна ледена планина тешка 315 милијарди тони се откинала и одделила од ледената плоча „Амери“ во североисточниот дел на Јужниот пол Антарктикот.

Според веста во британскиот информативен сервис „BBC“ (Би-би-си), ледената планина по име „Д28“ широка 1.636 квадратни километри и со дебелина од 210 метри е најголемата маса која што е откината од ледената плоча „Амери“ од 1960-тите години досега.

Научниците привлекуваат внимание дека ледената плоча „Амери“ одигрува функција на клучен одводен канал за источниот дел на континетот, дека откинувањето на вакви ледени планини е нормално и дека не е предизвикано од глобалните климатски промени.

Оваа откината огромна ледена планина (санта мраз) поради тоа што би можела да претставува ризик за поморскиот сообраќај е следена од сателити.

Инаку, на Јужниот пол Антарктикот и во 2017 година од ледената плоча „Ларсен Ц“ е откината исто така  огромна ледена планина со големина од  5.800 квадратни километри и тешка околу 1 трилион тони.

 

 

 



Слични вести