Само со еден тест може да се утврдат 20 видови на рак

99,4 отсто од тестовите покажаа позитивен резултат на постоењето на рак

1278973
Само со еден тест може да се утврдат 20 видови на рак

Американските научници успеаја со само еден единствен тест на крвта со голема точност да утврдат 20 различни видови на рак.

Според информацијата која беше објавена на веб страницата на Институтот за онкологија при Харвардскиот универзитет, научниците на приватната компанија Акционерско друштво Грејл со тестот на крвта што го усовршија со голема точност можат да утврдат над 20 видови рак.

Истражувачите во рамките на истражувањето и утврдувањето на болеста користеа редоследна технологија која бараше единица метилација која влијае врз активноста на гените во ДНК киселина и од 1530 испитаници, боли од рак, 2 053 лица кај кои сеуште не е утврдена дијагноза на рак, и примероците од крв од 3 583 лица, правилно можеа да ги утврдат болните и ткивата кои почнале да заболуваат од рак.

99,4 отсто од тестовите покажаа позитивен резултат на постоењето на рак, додека кај 89 отсто од случаите можеше да се утврди кој орган боледува од рак.

Гофри Окснард, еден од челниците истражувачката екипа рече дека анализите кои се засноваат на метилација се повлијателни од утврдувањето на генетичките мутации со традиционалната ликидна биопсија во ДНК.

Резултатите од истражувањето беа изнесени на Конгресот на Европското здружение за медикална онкологија 2019.  



Слични вести