ТЕКНОФЕСТ Истанбул за 5 дена го посетија рекордни над 1 милион посетители

Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул оваа година за 5 дена го посетија рекордни 1 милион 20 илјади посетители

1273891
ТЕКНОФЕСТ Истанбул за 5 дена го посетија рекордни над 1 милион посетители

Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул кој започна на 17 септември во вторник, а ќе заврши денеска (22 септември, недела) заклучно со вчера за 5 дена собори рекорд по посетеност од 1 милион 20 илјади лица. 

Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул, најголемата технолошка нанифестација на Турција, којшто се одржува на Аеродромот Ататурк, а со поддршка на значајни државни институции, фирми и компании на Турција предводени од Фондацијата на Тимот за технологија на Турција (Фондацијата Т3) и Министерството за индустрија и технологија, вчера на петтиот ден наиде на голема посетеност.

ТЕКНОФЕСТ Истанбул којшто минатата година го посетија 500 илјади лица, оваа година беше надмината во петокот на четвртиот ден од фестивалот и тоа и покрај силниот дожд кој што заврна.

Вчера, петтиот ден од фестивалот ТЕКНОФЕСТ Истанбул беше посетен од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и неговото семејство. 

За време на оваа посета претседателот Ердоган беше придружуван о од страна на некои министри. 

Граѓаните не го оставија без одговор повикот што претседателот Ердоган го упати вчера преку социјалната медија и вчера уште од раните утрински часови го исполнија просторот каде што се одржува фестивалот.

Голем број граѓани од секоја годишна возраст кои го искористија сончевиот ден од  викендот ги видоа и разгледаа одблиску домашните и националните технолошки производи. 

ТЕКНОФЕСТ Истанбул во првите четири дена го посетија 450 илјади лица, додека само  вчера на петтиот ден дојдоа 750 илјади лица.

Фестивалот на којшто освен тоа што се презентираат различни технолошки производи се одржуваат и различни манифестации, забави и работилници ќе ги пречека своите посетители и во текот на денешниот последен ден. 

На тој начин по затворањето на Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул заклучно и со денеска, последниот ден, се очекува бројот на посетители за 6 дена да достигне до 1,5 милиони лица.



Слични вести