ТЕКНОФЕСТ Истанбул наидува на голема посетеност и на третиот ден од отворањето

Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул (TEKNOFEST İstanbul) најголемата манифестација за технологија на Турција, наидува на голема посетеност и денеска на третиот ден од отворањето

1272731
ТЕКНОФЕСТ Истанбул наидува на голема посетеност и на третиот ден од отворањето

На третиот ден од отворањето Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул (TEKNOFEST İstanbul) најголемата манифестација за технологија на Турција, продолжува да ги пречекува своите гости.

ТЕКНОФЕСТ Истанбул започна завчера (17 септември, вторник) на Аеродромот Ататурк, а ќе продолжи до 22 септември.

Фестивалот се одржува со поддршка на значајните државни институции, фирми и компании на Турција, а под водство на Фондацијата на Тимот за технологија на Турција (Фондацијата Т3) и Министерството за индустрија и технологија.

Штандовите на воените и цивилните фирми и компании учесници на фестивалот, и денеска на третиот ден наидуваат на голема посетеност и стануваат сцена на безброј манифестации.

На главната сцена поставена на просторот на фестивалот во текот на целиот ден ќе бидат приредени најразлични перформанси и ќе се одржат различни натпревари.

До последниот ден на фестивалот се планира да се одржат безброј манифестации, а воедно ќе бидат обезбедени можности за добивање информации и стекнување со безброј искуства и на штандовите на фирмите учесници.

Освен тоа гостите посетители ќе можат да учествуваат и на голем број социјални активности и атракции подготвени за нив.

Освен тоа гостите посетители ќе можат да учествуваат и на голем број социјални активности и атракции подготвени за нив.

По финалните натпревари како најзначаен дел на фестивалот, ќе им бидат доделени наградите на најуспешните учесници. На учесниците кои ќе се пласираат меѓу најдобрите, оваа година ќе им бидат доделени награди во вкупна вредност од над 3 милиони турски лири (приближно 470 илјади долари).

Во склопот на Фестивалот ТЕКНОФЕСТ Истанбул, ќе бидат приредени манифестации како „Вертикален ветерен тунел“, „Планетариум за астрономија“, „Планетариум за научна мобилизација“, „Изложба на воздушни летала“, „Изложба на копнени возила“.

На фестивалот ќе се одржат едукативни и забавни работилници (ателјеа) на теми „Вселенски летала, трагите на предисторискиот период“, „Ја дизајнирам мојата ракета“, „Крилја со десени“, „Воздухопловство и вселена“, „Нанотехнологија“, „Енергетски технологии“, „Електронско програмирање“, „Роботичко кодирање“, „Мобилна апликација и програмирање“.

На фестивалот во рамките на „World Drone Cup“ ќе учествуваат учесници од голем број земји, а ќе се одржат и демонстративни летови на борби со беспилотни летала.

Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул (TEKNOFEST İstanbul) ќе заврши на 22 септември во недела.



Слични вести