Продолжува најголемиот фестивал за технологија на Турција ТЕКНОФЕСТ Истанбул

ТЕКНОФЕСТ Истанбул стартуваше вчера (17 септември, вторник) Аеродромот Ататурк, а ќе продолжи до 22 септември

1271599
Продолжува најголемиот фестивал за технологија на Турција ТЕКНОФЕСТ Истанбул

Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул (TEKNOFEST İstanbul) најголемата манифестација за технологија на Турција, продолжува да ги пречекува своите гости на вториот ден од отворањето.

ТЕКНОФЕСТ Истанбул стартуваше вчера (17 септември, вторник) Аеродромот Ататурк, а ќе продолжи до 22 септември.

Фестивалот се одржува со поддршка на значајните државни институции, фирми и компании на Турција, а под водство на Фондацијата на Тимот за технологија на Турција (Фондацијата Т3) и Министерството за индустрија и технологија.

Штандовите на воените и цивилните фирми и компании учесници на фестивалот, и денеска на вториот ден стануваат сцена на безброј манифестации.

На главната сцена поставена на просторот на фестивалот во текот на целиот ден ќе бидат приредени низа перформанси и ќе се одржат различни натпревари.

Во склопот на фестивалот денеска ќе се одржи манифестацијата Летови со балони врзани за земјата.

До последниот ден на фестивалот се планира да се одржат безброј манифестации, а воедно ќе бидат обезбедени можности за информирање и безброј искуства и на штандовите на фирмите учесници. Освен тоа гостите посетители ќе можат да учествуваат и на голем број социјални активности и атракции подготвени за нив.

По финалните натпревари како најзначаен дел на фестивалот, ќе им бидат доделени наградите на најуспешните учесници. На учесниците кои ќе се пласираат меѓу најдобрите, оваа година ќе им бидат доделени награди во вкупна вредност од над 3 милиони турски лири (приближно 470 илјади долари).

Во склопот на Фестивалот ТЕКНОФЕСТ Истанбул, ќе бидат приредени манифестации како „Вертикален ветерен тунел“, „Планетариум за астрономија“, „Планетариум за научна мобилизација“, „Изложба на воздушни летала“, „изложба на копнени возила“.

На фестивалот ќе се одржат едукативни и забавни работилници (ателјеа) на теми „Вселенски летала, трагите на предисторискиот период“, „Ја дизајнирам мојата ракета“, „Крилја со десени“, „Воздухопловство и вселена“, „Нанотехнологија“, „Енергетски технологии“, „Електронско програмирање“, „Роботичко кодирање“, „Мобилна апликација и програмирање“.

На фестивалот во рамките на „World Drone Cup“ ќе учествуваат учесници од голем број земји, а ќе се одржат и демонстративни летови на борби со беспилотни летала. 

Посетителите на фестивалот ќе се стекнат со можност да видат голем број воздушни летала, како на земјата, така и на небото.

Освен тоа на фестивалот ќе му придадат колоритност и демонстративни акробатски летови на екипата Соло Турк, Турските ѕвезди, борбени авиони и авиони за гаснење пожари од Русија Су-30, Су-35, МЦ-21, потоа воздушни летала авиони и хеликоптери од инвентарот на Командата на копнените сили, Генералната дирекција на полицијата, Генералната команда на жандармеријата,  а ќе бидат приредени и демонстративни летови на цивилни авиони и Редбул.   

На учесниците кои ќе се пласираат меѓу најдобрите, оваа година ќе им бидат доделени награди во вкупна вредност од над 3 милиони турски лири (приближно 470 илјади долари).

Во рамките на ТЕКНОФЕСТ Истанбул оваа година се организирани 19 натпревари, меѓу кои во технологија во полза на човештвото, вештачка интелигенција, беспилотни подводни системи,  дизајн на летечки автомобил, симулација на јато беспилотни летала.

На овие натпревари се пријавени вкупно 17.373 екипи и 50 илјади учесници од 122 земји и од 81 град на Турција. 

Со право на учество на финалните натпревари пак, се стекнаа приближно 2 илјади екипи и 10 илјади учесници.

Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул (TEKNOFEST İstanbul) ќе заврши на 22 септември во недела.



Слични вести