Започна Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул

Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул започна денеска на Аеродромот Ататурк и ќа трае до 22 септември

1270639
Започна Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул

Денеска (17 септември 2019, вторник) стартува Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул (TEKNOFEST İSTANBUL) најголемата манифестација за технологија на Турција.

Вториот ТЕКНОФЕСТ Истанбул ќе се одржи од 17 до 22 септември на Аеродромот Ататурк.

По финалните натпревари како најзначаен дел на фестивалот, ќе им бидат доделени наградите на најуспешните учесници. 

На учесниците кои ќе се пласираат меѓу најдобрите, оваа година ќе им бидат доделени награди во вкупна вредност од над 3 милиони турски лири (приближно 470 илјади долари).

Во рамките на ТЕКНОФЕСТ Истанбул оваа година се организирани 19 натпревари меѓу кои во технологија во полза на човештвото, вештачка интелигенција, беспилотни подводни системи,  дизајн на летечки автомобил, симулација на јато беспилотни летала. На овие натпревари се пријавени вкупно 17.373 екипи и 50 илјади учесници од 122 земји и од 81 град на Турција. 

Со право на учество на финалните натпревари пак, се стекнаа приближно 2 илјади екипи и 10 илјади учесници.

На фестивалот ќе се одржат и едукативни и забавни работилници, ателјеа на теми „Вселенски летала, трагите на предисторискиот период“, „Ја дизајнирам мојата ракета“, „Крилја со десени“, „Воздухопловство и вселена“, „Нанотехнологија“, „Енергетски технологии“, „Електронско програмирање“, „Роботичко кодирање“, „Мобилна апликација и програмирање“.

На фестивалот во рамките на "World Drone Cup" ќе учествуваат учесници од голем број земји, а ќе се одржат и демонстративни летови на борба со беспилотни летала. 

Освен тоа на фестивалот ќе бидат приредени и демонстративни акробатски летови на екипата Соло Турк, Турските ѕвезди, борбени авиони и авиони за гаснење пожари од Русија Су-30, Су-35, МЦ-21, потоа воздушни летала авиони и хеликоптери од инвентарот на Командата на копнените сили, Генералната дирекција на полицијата, Генералната команда на жандармеријата,  а ќе бидат приредени и демонстративни летови на цивилни авиони и Редбул. Меѓу воздушните летала кои што ќе бидат претставени во статичката сфера на фестивалот ќе учествува и авионот од типот Антонов АН-178.

Во рамките на фестивалот на кој што ќе бидат прикажани  и атракции со скокање со падобрани, исто така ќе бидат приредени и концерти. 



Слични вести