Националниот летечки автомобил „Џезери“ претставен на ТЕКНОФЕСТ Истанбул

Летечкиот автомобил „Џезери“ наиде на голема заинтересираност и привлече големо внимание кај учесниците на Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул

1270982
Националниот летечки автомобил „Џезери“ претставен на ТЕКНОФЕСТ Истанбул

Националниот летечки автомобил „Џезери“ денеска е претставен на Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул, најголемата технолошка манифестација на Турција.

Летечкиот автомобил „Џезери“ наиде на голема заинтересираност и привлече големо внимание кај учесниците.

Проект менаџерот на „Џезери“ Озан Јагџи во дадената изјава овде информира дека станува збор за технологија којашто ја произведуваат големите компании за воздухопловство со визијата за проект која ја презентира Селчук Бајрактар (Техничкиот директор на Бајкар и претседател на Одборот на доверители на Фондацијата на Тимот за технологија на Турција [Фондацијата Т3]) и дека со посветена работа овој проект е завршен за кусо време од само 9 месеци.

Велејќи дека моментално „Џезери“ може да носи едно лице и дека во следните верзии би можел да превезува две или повеќе лица, Јагџи рече: „Моменталниот прототип е наменет за превезување на само едно лице. Во иднина имаме за цел овој прототип да го доведеме во состојба на возило кое ќе се користи целосно во градскиот превоз.“

Јагџи напомена дека во иднина „Џезери“ ќе им придаде тек и на карго и на градскиот воздушен транспорт и дека наскоро возилото ќе биде доведено во состојба на возило со капацитет за едночасовен лет.

Проект менаџерот на „Џезери“ Озан Јагџи додаде дека националниот летечки автомобил „Џезери“ нема да биде технологија на сегашноста, туку ќе биде технологија на иднината.



Слични вести