42 турски фирми за одбранбена индустрија ќе учествуваат на Меѓународниот саем ДСЕИ 2019 во Лондон

На Меѓународниот саем за одбрана и безбедност (ДСЕИ) кој ќе се одржи од 10 до 13 септември во главниот град на Велика Британија, Лондон, ќе учествуваат 42 турски фирми под вдоство на Управата за одбранбена индустрија при претседателството

1266161
42 турски фирми за одбранбена индустрија ќе учествуваат на Меѓународниот саем ДСЕИ 2019 во Лондон

42 турски фирми под водство на Управата за одбранбена индустрија при претседателството, ќе учествуваат на годинашниот Меѓународен саем за одбрана и безбедност (ДСЕИ), кој се одржува во главниот град на Велика Британија, Лондон, и е едниот од водечките саеми за одбранбена индустрија во светот.

Меѓународниот саем за одбрана и безбедност (ДСЕИ) ќе се одржи од 10 до 13 септември со учество на одбранбено-безбедносната индустрија и официјалните делегации на високо ниво на земјите.

На саемот кој се одржува еднаш на секои две години, оваа година се очекува да учествуваат над 1.600 меѓународни фирми од повеќе од 50 земји и над 35 илјади посетители. 

Турската делегација на чело со претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир во рамките на саемот ќе оствари и официјални средби со делегациите на другите странски земји кои ќе дојдат на саемот.

На Саемот ДСЕИ 2019 ќе бидат промовирани производи и услуги, како и маркетинг и продажба на одбранбенара индустрија на фирмите кои доаѓаат од сите четири страни на светот, а пред се од земји од Блискиот исток, Африка, Азија и Јужна Африка. 

Во рамките на саемот ќе бидат промовирани и ќе се остварат презентации на платформи на оклопни возила, различни видови беспилотни и пилотни копнени визила и воздушни летала, поморски системи, наоружани системи, електронски системи, муниција, симулатори, воени текстилни производи, производи за логистичка поддршка произведени од страна на турски фирми за одбранбена индустрија.



Слични вести