Турските компании за одбранбена индустрија се подготвуваат за Саемот во Карачи во Пакистан

Претседателот на Управниот одбор Медјасити Хакан Курт истакна дека петтиот Саем за одбранбена индустрија „High Tech Port“ кој се одржува од 2014 година, оваа година ќе се одржи во периодот од 29 до 31 октомври во Експо Центарот во Карачи во Пакистан

1264836
Турските компании за одбранбена индустрија се подготвуваат за Саемот во Карачи во Пакистан

Турските компании за одбранбена и воздухопловна индустрија за зголемување на своите можности за извоз ќе се состанат со производителите и набавувачите во Пакистан, како земја која годишно троши по 7 милијарди долари во оваа сфера.

Претседателот на Управниот одбор Медјасити (Medyacity) Хакан Курт истакна дека петтиот Саем за одбранбена индустрија „High Tech Port“ кој се одржува од 2014 година, оваа година ќе се одржи во периодот од 29 до 31 октомври во Експо Центарот во Карачи во Пакистан. 

Велејќи дека на претхдоно одржаните саеми во Истанбул и Катар учествуваа 260 фирми, Курт истакна дека согласно концептот на саемот учествуваат само турски фирми.

Хакан Курт се осврна и на тоа дека од аспект на продажбата на платформи и системи од страна на Турција, Пакистан моментално е најголемиот и актуелен пазар на одбранбена индустрија.

Тој рече: „Фрлените потписи за МИЛГЕМ и хеликоптерот Атак ја повлекоа доста нагоре бројката на извозот. Пакистан, дојде во положба на мошне значајна централна база за турската одбранбена и воздухопловна индустрија.“

Претседателот на Управниот одбор Медјасити (Medyacity) Хакан Курт напомена дека домаќин на саемот кој што се одржува со поддршка на Управата за одбранбена индустрија на претседателскиот кабинет е Министерството за одбранбена индустрија на Пакистан и додаде дека и во двете земји се водат интензивни подготовки за саемот.

 



Слични вести