250 евра казна за оние што ќе фрлат отпушок на улица во Португалија

Просечно за еден час во Португалија се фрлаат 7 илјади отпушоци

250 евра казна за оние што ќе фрлат отпушок на улица во Португалија

Почнувајќи од идниот месец во Португалија ќе почне спроведување на казната од 250 евра за сите оние коишто на улица ќе фрлат отпушок од цигара.

Според новиот закон за борба против еколошкото влијание на токсичните отпадоци кој беше усвоен од страна на Собранието на Португалија, граѓаните кои ќе фрлат отпушок од цигара на улица ќе бидат казнети со парична казна од 25 до 250 евра.

Со новиот закон се предвидува да се исчистат не само улиците, туку и плажите, кејовите и парковите.

Со новиот закон се обврзуваат трговските центри и другите трговски места како што се хотелите. Во случај на поставување пепеларник на отворените места каде што се дозволено да се пуши во наведените места,  истите се обврзуваат да ги чистат пепеларниците. Сите оние коишто ќе ги прекршат правилата се предвидува да бидат казнети со парична казна од 240 до 500 евра.

Ако се земе во предвид дека просечно за еден час во Португалија се фрлаат 7 илјади отпушоци, еколошките организации посочија на потребата за неопходна борба против токсичните отпушоци.



Слични вести