Уште еден рекорд од првото домашно и национално вооружено беспилотно летало Бајрактар ТБ2

Националното вооружено беспилотно летало леташе околу 4 илјади километри

1238344
Уште еден рекорд од првото домашно и национално вооружено беспилотно летало Бајрактар ТБ2
SİHA Bayraktar TB2-1.jpg

Првото домашно и национално вооружено беспилотно летало Бајрактар ТБ2 собори уште еден рекорд.

На демо летовите во Кувајт, Бајрактар ТБ2 го собори досегашниот свој рекорд на најдолго летање.

Вооруженото беспилотно летало Бајрактар ТБ2 историскиот лет го оствари пред воените делегации искачувајќи се на височина од 17 илјади фити.

Летот беше остварен во многу тешки услови како што е песочна бура, висока температура од 42 степени и турбуленција.

Националното вооружено беспилотно летало леташе околу 4 илјади километри.

На тој начин, за време на летот четири пати ја обиколи плоштината на Кувајт односно вкупната копнена и морска граница која изнесува 961 км.

Националното вооружено беспилотно летало без прекин  леташе 27 часа и 3 минути и го собори својот досегашен рекорд од 24 часа и 34 минути.

Националните вооружени беспилотни летала привлекуваат големо интересирање и внимание со вградените ласерски нишани располагаат со капацитет на прецизно определување и насочување на целта како и систем на брзо согледување и истрелување врз целта без да се оштети околината во близината на целта. Со овие карактеристики, Турција се истакнува меѓу првите 6 земји во светот кои произведуваат домашни вооружени беспилотни летала и муниција.

Националното вооружено беспилотно летало обезбедува извидување, постојано набљудување од воздух, откривање и утврдување на целите и нивно уништување.



Слични вести