Стапката на радијација на Маршалските Острови илјада пати поголема од онаа во Чернобил

Стапката на радијација на 4 корални острови на Маршалските острови на кои беа извршени нуклеарни тестови е на алармантно ниво

1238386
Стапката на радијација на Маршалските Острови илјада пати поголема од онаа во Чернобил

Стапката на радијација која беше измерена во некои подрачја на Маршалските Острови во Пацифичкиот океан каде што САД од 1946 до 1958 година вршеше нуклеарни тестови е поголема од онаа во несреќите во нуклеарните централи во Чернобил и Фукушима.

Според веста на СиЕнЕн, резултатите од истражувањето на американскиот универзитет Колумбија покажуваат дека стапката на радијација во некои подрачја на Маршалските Острови каде што американската администрација оствари 67 нуклеарни тестови е илјада пати поголема од во несреќите во нуклеарните централи во Чернобил и Фукушима.

Научниците истакнаа дека покрај тоа што поминаа над 60 години од нуклеарните тестови, стапката на радијација на 4 корални острови на Маршалските острови на кои беа извршени нуклеарни тестови е на алармантно ниво, додека нивото на вредностите на радијацијата во некои подрачја е 10 до илјада пати поголема од вредностите измерени во несреќите во нуклеарните централи Чернобил и Фукушима.

Научниците посочуваат дека последиците на тестот на хидрогенската бомба „Кестл браво“ што беше извршен на коралниот остров Бикини во склопот на маршалските острови во 1954 година се илјада пати поголеми од бомбите што беа фрлени во Втората светска војна на Јапонија. Стапката на радијација на нуклеарниот бран што беше утврден на островот Бикини е највисока во областа.

Почнувајќи од 1946 година, жителите на островот Бикини беа принудени на присилно иселување. По објавувањето на соопштението од страна на американските власти дека островот е безбедно место за живеење, граѓаните кои се вратија да живеат на островот, повторно беа принудени на иселување поради превисоката радијација. Како последица на високата радијација, големиот број жители беа заболени од рак и други видови болести.



Слични вести