Небесен спектакл целосно затемнување на Сонцето над јужноамериканските држави Чиле и Аргентина

Небесниот спектакл целосно затемнување на Сонцето привлече научници и туристи од целиот свет во јужноамериканските држави Чиле и во Аргентина

1229299
Небесен спектакл целосно затемнување на Сонцето над јужноамериканските држави Чиле и Аргентина

Жителите на јужноамериканските држави Чиле и Аргентина беа сведоци на небесниот спектакл целосно затемнување на Сонцето.

Затемнувањето во Аргентина започна околу 16:30 часот по локално време и траеше приближно 2 часа. Можеше да се набљудува од провинциите Сан Хуан, Ла Риоха, Сан Луис, Кордоба, Санта Фе и Буенос Аирес.

Оние аргентински граѓани во главниот град Буенос Аирес кои сакаа ја набљудуваат оваа воодушевувачка природна појава, целосно затемнување на Сонцето, се собраа на високите места.

Во провинцијата Сан Хуан пак, од каде што затемнувањето можеше да се види најдобро дојдоа приближно 15 илјади лица од различни делови на светот.

Затемнувањето на на Сонцето можеше да се набљудува од сите делови на Чиле, додека во областа Когуимбо во северниот дел на земјата, како едно од местата од каде што се следеше најдобро, дојдоа 140 илјади туристи.

За набљудување на затемнувањето на Сонцето во Чиле освен научници, во оваа земја дојдоа и голем број познати личности меѓу кои беше и основачот на Микрософт Бил Гејтс.

Чилеанскиот претседател Себастијан Пинера пак, заедно со својата сопруга Сесилија Морел, министерот за наука и технологија Андрес Коуве Кореа и министерот за образование Мерсела Кубилос, затемнувањето го следеше од опсерваторијата Ла Сила.

Природната појава наречена затемнување на Сонцето може да се набљудува еднаш на секои 18 месеци и како последно беше следена во август 2017 година и тоа од Соединетите Американски Држави (САД) и од некои други јужноамерикански држави.



Слични вести