Новите електрични и хибридни автомобили во ЕУ задолжително ќе имаат звучен систем

Звукот од системот ќе се зголемува кога автомобилот ќе ја зголеми брзината, а ќе се намали кога автомобилот ќе ја намали брзината

1228396
Новите електрични и хибридни автомобили во ЕУ задолжително ќе имаат звучен систем

Сите нови електрични и хибридни автомобили кои се продаваат во земјите членки на ЕУ задолжително ќе имаат звучен систем на мала брзина.

По период од 5 години на сила стапи новата регулатива за безбедноста на патиштата и пешаците кој од страна на Европскиот парламент беше одобрен во 2014 година.

Според новата регулатива, сите нови електрични и хибридни автомобили кои се продаваат во ЕУ, кога патуваат со брзина од под 20 км на саат треба да имаат звучен систем кој обезбедува најмалку 56 децибели бучава.

Звукот од системот ќе се зголемува кога автомобилот ќе ја зголеми брзината, а ќе се намали кога автомобилот ќе ја намали брзината.

И кај електричните автомобили кои се во употреба до 2021 година ќе се постават звучни системи.



Слични вести