Во Кина усовршен „судија со вештачка интелигенција“

Модулот наречен „AI Judge“ (судија со вештачка интелигенција) во суштина претставува еден интерфејс дизајн на една женска слика

1226511
Во Кина усовршен „судија со вештачка интелигенција“

Кина усоврши „судија со вештачка интелигенција“ со цел да им помагаат на судиите во постапките.

Според веста на кинеската новинска агенција „Синхуа“, во центарот за онлајн судски постапки кој е поврзан за интернет судот во Пекинг, почна да се употребува еден модул на вештачка интелигенција во обичните правни акти како што се покренување и спроведување на судски постапки, со цел да се помогне во донесувањето на одлуките.

Модулот наречен „AI Judge“ (судија со вештачка интелигенција) во суштина претставува еден интерфејс дизајн на една женска слика на екранот с чие посредство започнува комуникацијата со граѓаните и преку интернет ги води да поднесат барање за покренување постапка и другите правни дејности.

Системот на вистинските судии им обезбедува повеќе време за фокусирање на предметите.

Властите соопштија дека целта на примената на технологијата на вештачка интелигенција е намалување на обемот на работа на судовите, зголемување на квалитетот на одлуките коишто ќе ги донесат судовите како и ефикасноста.

Модулите на вештачка интелигенција со текот на времето се предвидува да се усовршат во асистенти на судиите и со собирањето на податоците да дадат придонес во донесувањето на одлуки.

Интернет судот во Пекинг ги прифаќа барањата кои се поднесуваат преку интернет во врска со сторените кривични дела како и барањата на кинеските граѓани во врска со прашањата кои ги доживуваат.

Интернет судот исто така на граѓаните им обезбедува онлајн да поднесат барања за спроведување на постапките во врска со интернет правото и трговијата која се реализира преку интернет.



Слични вести