Руското вселенско летало „Сојуз МС 11“ успешно се врати од Меѓународната вселенска станица

Капсулата на руското вселенско летало „Сојуз МС 11“ која превезуваше тројца астронаути Русин, Канаѓанин и Американец, успешно слета на вселенскиот космодром Бајконур во Казахстан

1225031
Руското вселенско летало „Сојуз МС 11“ успешно се врати од Меѓународната вселенска станица

Капсулата на руското вселенско летало „Сојуз МС 11“ која 204 дена се наоѓа на задача на Меѓународната вселенска станица (МВС) слета безбедно на вселенскиот космодром Бајконур во Казахстан.

Во објавеното писмено соопштение од Федералната вселенска агенција на Русија (РОСКОСМОС) се истакнува дека капсулата на вселенското летало во која се наоѓаа рускиот космонаут Олег Кононенко, астронаутот од Канадската вселенска агенција (CSA) Дејвид Сен-Жак и астронаутот од Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) Ен МекКлајн, оствари успешно приземјување и дека членовите на екипажот се добри.

Во соопштението се вели дека екипата останала 197 дена на Меѓународната вселенска станица (МВС) и во ова време реализирала различни научни истражувања и експерименти. 

Вселенското летало "Сојуз МС 11" беше лансирано на 3 декември минатата година.

Инаку, на Меѓународната вселенска станица (МВС) се водат научни истражувања, основни научни експерименти и научни трудови во соработка со Американската воздухопловна и вселенска агенција (НАСА), Руската федерална вселенска агенција (РОСКОСМОС), Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA), Европската вселенска агенција (ESA) и Канадската вселенска АГЕНЦИЈА (CSA). 



Слични вести