Голем успех на турските универзитети на најпрестижниот натпревар на светот за модел сателити

На натпрерварот „CanSat“ кој што се одржа во Тексас во САД, првото место го освои и стана шампион екипата „Apis“ од Истанбулскиот технички универзитет (ИТУ), а екипата „Grizu-263 Uzay“ од Универзитетот Булент Еџевит од Зонгулдак го освои второто место

1219776
Голем успех на турските универзитети на најпрестижниот натпревар на светот за модел сателити

На најпрестижниот натпревар за модел сателити на светот „CanSat“ кој што се одржа во соработка со Американското астрономско друштво (AAS) и Американската агенција за вселенски истражувања НАСА, на преден план со своите успеси се појавија турските универзитети.

На натпреварот кој што се одржља во Тексас во Соединетите Американски Држави (САД), а на кој учествуваа различни универзитети од целиот свет меѓу кои и светски познати универзитети како Калифорнија, Аризона Стејт и Манчестер, меѓу 40 екипи првото место го освои и стана шампион екипата „Apis“ од Истанбулскиот технички универзитет (ИТУ), додека екипата „Grizu-263 Uzay“ од Универзитетот Булент Еџевит од Зонгулдак го освои второто место.

Освен тоа на натпреварот „CanSat“ кој што се прикажува како најпрестижен натпревар на модел сателити во светот и кој продолжува непрекинато 14 години, успеси постигнаа и други турски универзитети.

Универзитетот Чанкаја го освои 5-то место, Универзитетот Гедик во Истанбул 7-то, Техничкиот универзитет Блиски исток (ОДТУ) 13-то, Универзитетот Башкент 14-то, Градскиот универзитет во Истанбул 15-то, Техничкиот универзитет Гебзе 17-то и Истанбулскиот цивилизациски универзитет 18-то место.



Слични вести