Демонстративен лет од турскиот хеликоптер Атак ТК129 на саемот за воздухопловство во Париз

На Саемот за воздухопловство во главниот град на Франција, Париз реализира демонстративен лет турскиот национален офанзивен хеликоптер Атак ТК129

1220083
Демонстративен лет од турскиот хеликоптер Атак ТК129 на саемот за воздухопловство во Париз

Турскиот национален офанзивен хеликоптер Атак ТК129 оствари демонстративен лет на Саемот за воздухопловство во главниот град на Франција, Париз.

На Саемот за воздухопловство во Париз кој што оваа година се одржува по 53-ти пат и кој се вбројува меѓу најголемите саеми за воздухопловство и вселена, реализираше лет хеликоптерот Атак ТК129 развиен од страна на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во правец на националните можности и способности, а со цел намирање на потребата на Турските вооружени сили (ТВС) од офанзивен хеликоптер.

Хеликоптерот Атак со својот товар со тешко оружје беше оптимизиран за задачи „за време на топло време и висока височина“.

Специфичностите како што се високиот перформанс, високата способност на маневрирање, асиметричниот товар на оружје, ниската видливост, звучната и радарска силуета, високото ниво на отпорност на удар и балистичката толеранција, му придаваат повеќестрана супериорна оперативна способност на хеликоптерот Атак за време на различни води на војување.

Во рамките на програмата Атак, на Турските копнени сили ќе им бидат предадени вкупно 91 хеликоптери од кои 59 сигурно и 32 опционални, а на Министерството за внатрешни работи ќе му бидат предадени 9 хеликоптери Атак Т129. 

Хеликоптерот Атак во текот на саемот ќе реализира демонстративни летови.

Освен тоа, меѓу турските производи кои што ќе бидат претставени на Саемот за воздухопловство во главниот град во Париз се и хеликоптерот Ѓокбеј, беспилотното летало Анка и турскиот млазен авион за обука и поддршка Хурџет.



Слични вести