Apple производите ќе може да ги произведува надвор од Кина

25 отсто од производството се наоѓа надвор од Кина

1217159
Apple производите ќе може да ги произведува надвор од Кина

Компанијата за потрошувачка електроника Apple (Епл) по потреба производите ќе може да ги произведува и надвор од Кина.

Според веста која беше објавена на веб страницата на Блумберг, Јунг Лиу еден од раководители на тајванската компанија Хон Хаи а која е позната и како Foxconn и е најзначаен производствен партнер на Епл рече дека во случај да се заостри војната меѓу САД и Кина, целосно ќе ја поддржат компанијата Епл.

Лиу во продолжение рече дека 25 отсто од производството се наоѓа надвор од Кина и дека и во Индија инвестирале за Епл. Поради што располагаат со доволен капацитет за задоволување на барањата и потребите на Епл.



Слични вести