Технолошка средба на саемот „I-TECH“

На технолошкиот конгрес и саем „I-TECH“ ќе бидат изложени и претставени производи и достигнувања од вештачката интелигенција, виртуелната и зголемена реалност, роботиката, е-спортот, е-музиката, start-up, системите за мобилна апликација

1216654
Технолошка средба на саемот „I-TECH“

Технолошкиот конгрес и саем „I-TECH“ на кој ќе бидат изложени и претставени производи и достигнувања од вештачката интелигенција, виртуелната и зголемена реалност, роботиката, е-спортот, е-музиката, start-up, системите за мобилна апликација и технологии за спиење ќе се одржи од 14 до 16 јуни во Анкара.

Саемот што ќе се одржи под спонзорство на Микрософт и со поддршка на Министерството за индустрија и технологија и Трговската комора на Анкара и во заедничка соработка со Центарот за имплементација и истражување на паметните системи и технологии при Анкарскиот универзитет ќе биде отворен во Анкарскиот универзитет.

Саемот во чии рамки ќе имаат можност да се состанат динамо екипите и експертите истражувачи како и академиците, со директната промоција на учесниците на своите производи и технологии на последните потрошувачи, богатиот профил на учесници и широката лепеза на посетители се очекува да ја определи насоката на секторот во која ќе се развива.

Саемот „I-TECH“ се предвидува да биде платформа во чии рамки посетителите ќе имаат можност да ги слушнат успешните приказни на искусните и професионални иноватори на технолошките иновации во една забавна и интерактивна атмосфера, како и споделувањата и објавите на истражувачите и  академиците во врска со нивните последни достигнувања во сферата на паметните технологии.



Слични вести