Соработка помеѓу Турција и Куба во производството на вакцина и лекови против ракот

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во швајцарскиот град Женева каде што отпатува за 72. Светска амсамблеја за здравство се состана со кубанскиот министер за здравство Хосе Ангел Портал Миранда

1208921
Соработка помеѓу Турција и Куба во производството на вакцина и лекови против ракот

Министерството за здравство на Турција одлучи да се формира заедничка работна група со Куба за производство на вакцина и лекови против ракот.

Во тие рамки, оваа недела во посета на Турција ќе допатува висока делегација од Куба.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во швајцарскиот град Женева каде што отпатува за 72. Светска амсамблеја за здравство овде се состана со кубанскиот министер за здравство Хосе Ангел Портал Миранда.

На средбата стана збор за заедничкото производство со Куба на вакцина против инфекции, вакцина и лекови против ракот, а која инаку е земја која располага со значајно искуство во онколошките истражувања.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека крајна цел на Турција е да стане земја која ќе биде доволна за себе самата во лекови, вакцини, производи од крв и медицински уреди.

Министерот Коџа рече: „Една друга наша цел е да се здобиеме со производствена градба која ќе може да му конкурира на глобалните пазари.

Освен тоа во рамките на остварените контакти на 72. Светска амсамблеја за здравство беа потпишани договори за соработка во сферата на здравството и со Индонезија и Киргистан.



Слични вести