Турски инженери развија ласерско оружје кое може да се монтира на автоматски пушки

Ласерското оружје кое може да се монтира на автоматски пушки на барање на армијата е произведена за 3 месеци како прототип, од страна на 50 члена екипа и може да се користи со негово монтирање на националната автоматска пешадиска пушка МПТ-76 (MPT-76)

1193761
Турски инженери развија ласерско оружје кое може да се монтира на автоматски пушки

Турски инженери кои работат во рамките на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) развија ново ласерско оружје.

Ласерското оружје кое може да се монтира на автоматски пушки на барање на армијата е произведена за 3 месеци како прототип, од страна на 50 члена екипа и може да се користи со негово монтирање на националната автоматска пешадиска пушка МПТ-76 (MPT-76).

Ласерското оружје беше претставено на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија (ИДЕФ'19) кој што продолжува во Истанбул, а беше разгледано лично и од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Ова ново развиено ласерско оружје може да се носи во ташна и е развиено со тоа што може да се полни (шаржира) за 30 минути.

Ласерското оружје од растојание од 100-150 метри може да пробие челик со дебелина од 1 милиметар.

Работи само со ласерска сила и никако не влијеа на другите карактеристики на оружјето на кое се поставува.

На автоматските пушки може да се поставува со стандардни интерфејси. И ласерскиот систем може слободно да се стави и носи во ранец.

И може да се носи и да се полни (шаржира).

Следните модели на ласерското оружје ќе се произведуваат со помали димензии, а нивната моќност ќе биде посилна.



Слични вести