Во Антарктикот се удавија илјадници пингвини

Научниците Фретвел и Тратхан од сателитските снимки утврдиле дека за само една ноќ просторот кој бил покриен со изметот на пингвините во Халеевиот залив, паднале во вода и се удавиле илјадници пингвини

1190031
Во Антарктикот се удавија илјадници пингвини

Научниците утврдија дека во 2016 во Антарктикот се удавиле илјадници кралски пингвини поради кршењето на гигантскиот глечер на кој живееле. Глечерот се скршил како последица на лошите временски услови.

Според веста на веб-страницата на интернет „Science Daily“, д-р Питер Фретвел и Фил Тратхан од британската Установа за истражување на Антарктикот (БАС) од сателитските снимки од 2016 година утврдија дека илјадници мали императорски пингвини кои живееја на ледениот гребен Брунт во Веделовото море се удавиле поради кршењето на гребенот.

Научниците Фретвел и Тратхан од сателитските снимки утврдиле дека за само една ноќ просторот кој бил покриен со изметот на пингвините во Халеевиот залив, паднале во вода и се удавиле илјадници пингвини коишто сеуште не можеле да пливаат.

Фретвел истакна дека со години ги следат пингвините во подрачјето и дека како последица на кршењето на гребените поради умереното време и бурите, дојде до сериозно намалување во популацијата на пингвините.

Според резултатите од едно истражување кое беше извршено на почетокот на оваа година, како последица на топењето на гребените и ледниците во Антарктикот, во последните 16 години популацијата на пингвините се зголеми за 280 отсто.



Слични вести