Ракетат Фалкон хеви првпат лансирана со комерцијална цел

3 делови на ракетата кои ја лансираат ракетата можат повторно да се употребат

1182280
Ракетат Фалкон хеви првпат лансирана со комерцијална цел

Американската компанија за производство на вселенски летала и ракети „Спејс икс“ првпат ракетата Фалкон хеви ја лансираше со комерцијална цел.

Ракетата „Фалкон хеви“ која се произведува од страна на компанијата „Спејс икс“ чиј сопственик е Елон Маск успешно беше лансирана од вселенскиот центар Кенеди во Флорида. 3 делови на ракетата кои ја лансираат ракетата можат повторно да се употребат. По исфрлањето во вселената, овие делови повторно и безбедно се вратија на планетава.

Фалкон Хеви го оствари првиот комерцијален лет за сателитот Арабсат 6А на Саудиска Арабија којштоо беше произведен од страна на компанијата Локхид Мартин.

Елон Маск истакна дека лансирањето на ракетата Фалкон хеви која се планираше да се оствари до еден сателит за комуникации при вселенскиот центар беше одложено поради силниот ветар.

Компанијата соопшти дека ракетата првпат успешно беше лансирана минатата година и дека најсилната комерцијална ракета на светот чија цена изнесува 90 милиони долари, располага со капацитет на носивост од 63,8 тони.

Пренесувањето на возилото од типот Роадстер на Тесла со ракетата Фалкон Хеви во орбитата се најде ан дневниот ред на јавноста исто како и лансирањето на ракетата.



Слични вести