Меѓународна награда за Центарот за комуникација на претседателството (CİMER)

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун истакна дека Центарот за комуникација на претседателството (CİMER) на Светскиот самит за информатичко општество е избран за „Најдобар проект“

1181391
Меѓународна награда за Центарот за комуникација на претседателството (CİMER)
cimer odul.jpg
cimer odul1.jpg
cimer odul2.jpg

Центарот за комуникација на претседателството (CİMER) на Светскиот самит за информатичко општество е избран за „Најдобар проект“ (WSIS Prize 2019 Champion) во сферата „Пристап до информации“. 

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун во својата објава што ја сподели преку социјалната мрежа Твитер напиша: „Ја примивме нашата прва меѓународна награда како Оддел за комуникации на претседателството. На Светскиот самит за информатичко општество што се одржува во Женева од страна на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) при Обединетите нации (ОН), Центарот за комуникација на претседателството (CİMER) меѓу 366 проекти е избран за 'Најдобар проект' во сферата на 'Пристап до информации'.“

Алтун го сподели и визуелиот материјал во врска со самитот и добиената награда.

Фахреттин Алтун истакна дека чувствуваат задоволство од изборот за „Најдобар проект“ на Центарот за комуникација на претседателството (CİMER) кој беше формиран по директива на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и кој реализира една мошне значајна функција во контекст на зајакнување на врската држава-општество, односно држава-народ.

Инаку, Форумот на Светскиот самит за информатичко општество кој започна на 8 април во Женева со тема „Информатички и комуникациски технологии за постигнување на целите за одржлив развој“ ќе трае до 12 април.

Во рамките на овој форум се овозможува да се состанува секоја година една широка заедница, а во врска со развојот на информатичките комуникациските технологии.



Слични вести