Зелено светло од Русија за производство на заеднички хеликоптер со Турција

Русија запали зелено светло на можноста за производство на заеднички хеликоптер со Турција

1180683
Зелено светло од Русија за производство на заеднички хеликоптер со Турција

Генералниот директор на компанијата „Хеликоптери на Русија“ Андреј Богински истакна дека ја сметаат за можна веројатноста за заедничко производство на хеликоптер со Турција.

Богински наведе дека би можеле да произведат руски хеликоптер со делови кои што ќе се произведуваат во Турција.

Велејќи дека го знаат тоа оти Турција располага со успешни искуства во производството на воен хеликоптер,Богински рече: „На тоа гледаме како на потенцијал кој што би можел да се прошири и во цивилната сфера.“

„Руските хеликоптери произведени со турски делови би можеле да ги извезуваме на пазарите на околните земји со кои Турција располага со сериозни економски и трговски врски.“ - додаде генералниот директор на компанијата „Хеликоптери на Русија“ Андреј Богински.



Слични вести