Австралија му даде дозвола на Гугл за пренесување карго товари со дронови

Во првата етапа се планира да се обезбедат услуги на околу 100 домаќинства во предградијата Крејс, Палмерстон и Франклин

1180148
Австралија му даде дозвола на Гугл за пренесување карго товари со дронови

Холдингот Алфабет кој се наоѓа под кровот на гигантот Гугл доби дозвола од властите на Австралија за пренесување на карго товари со дронови во некои предградија на оваа земја.

Според веста на интернет веб страницата „The Verge“, компанијата „Wing“ која што беше формирана од страна на Алфабет холдинг од Управата за безбедност на цивилното воздухопловство на Австралија (CASA) се стекна со дозвола за пружање карго услуги со дронови во некои предградија на Канбера.

Во првата етапа се планира да се обезбедат услуги на околу 100 домаќинства во предградијата Крејс, Палмерстон и Франклин, а потоа и во Харисон и Гунгалин.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Управата за безбедност на цивилното воздухопловство на Австралија (CASA) беше истакнато дека ова е прв пример на карго услуги со дронови во светот.

Компанијата за да се стекне со потребната дозвола 18 месеци помина низ пробен период и во текот на истиот предаде над 3 илјади пратки.

Дрон сервисот кој ќе пружи услуги во соработка со некои кафетерии, аптеки и други локални фирми, секако дека ќе биде изложен на одредени ограничувања.

Дроновите ќе можат да функционираат наутро од 07:00 до 20:00 часот, а во неделите од 08:00 до 20:00 часот.



Слични вести