Просечниот животен век на луѓето во светот се зголеми за 5,5 години

Приходот по глава на жител и натаму продолжува да игра одлучувачка улога во просекот на животниот век на луѓето

1177714
Просечниот животен век на луѓето во светот се зголеми за 5,5 години

Просечниот животен век на луѓето во светот се зголеми за 5,5 години.

Според податоците на Светскиот извештај за здравствените статистички податоци објавен од страна на Светската здравствена организација (СЗО), просечниот животен век на луѓето во периодот од 2000 до 2016 се зголеми за 5,5 години, односно од 66,5 на 72 години.

Приходот по глава на жител и натаму продолжува да игра одлучувачка улога во просекот на животниот век на луѓето. Имено просечниот животен век на луѓето во неразвиените и земјите со ниски приходи во споредба со земјите со високи приходи е помал за 18,1 година.

Според податоците од извештајот во 2019 година се очекува да се родат 73 милиони машки, 68 милиони женски деца, вкупно 141 милион деца. Според претпоставките, мажите се очекуваат да живеат просечно околу 69,8 години, а жените 74,2 години.



Слични вести