Карго капсулата „Прогрес МС 11“ исфрлена во вселената

Капсулата пренесува околу 2,5 тони гориво, прехранбени производи, вода и друг карго товар за потребите на вселенската станица

1177338
Карго капсулата „Прогрес МС 11“ исфрлена во вселената

Карго капсулата „Прогрес МС 11“ која беше исфрлена од космодромот Бајконур, беше испратена во Меѓународната вселенска станица (МВС).

Во соопштението објавено од страна на Федералната вселенска агенција на Русија (РОСКОСМОС) беше истакнато дека во 17:00 часот капсулата успешно беше  исфрлена во вселената и по околу 3.5 часа се очекува да слета на МВС.

Капсулата пренесува околу 2,5 тони гориво, прехранбени производи, вода и друг карго товар за потребите на вселенската станица.

На МВС освен Руските космонаути на Алексеј Овчинин, Олег Коненко се наоѓаат и астронаутите на американската НАСА Ник Хаг, Кристина Кош, Ан МекКлеин и канадскиот астронаут Дејвид Сен Жак.

ВО рамките на МВС која се раководи заедно од страна на НАСА, РОСКОСМОС, ЕСА, ЦСА и јапонската агенција за вселенски истражувања (ЈАКСА), се остваруваат вселенски истражувања и основни научни експерименти.



Слични вести