Летовите на турскиот хеликоптер Атак го меѓепсаа Бразил

Турскиот хеликоптер Атак кој учествува на 12'тиот Саем за одбрана и безбедност LAAD што ќе се одржи од 2 до 5 апарил во градот Рио де Жанеиро, оствари два одделни лета во Бразил и се стекна со признанија, ѝ кај пилотите, ѝ кај гледачите

1175396
Летовите на турскиот хеликоптер Атак го меѓепсаа Бразил
atak brezilya.jpg
atak.jpg
atak.jpg
atak.jpg

Турскиот хеликоптер Атак, како најефикасен офанзивен хеликоптер во оваа класа, се стекна со признанија со остварените летови во Бразил.

По тестирањето и вреднувањето на Атак, остварени од страна на Копнено-воздухопловната команда на Бразил во посторјките на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ), беше одлучено хеликоптерот да реализира летови и да биде претставен во Бразил. 

По воспоставената координација со Копнено-воздухопловната команда на Бразил, беше направено неопходното планирање за учество на хеликоптерот „Т129 Атак“ на Роудшоуто во Бразил, пред 12'тиот Саем за одбрана и безбедност LAAD што ќе се одржи од 2 до 5 апарил во градот Рио де Жанеиро. 

На тој начин, на 26 март во Копнено-воздухопловната команда Форте Рикардо Кирк во Сао Паоло и на 28 март во Одделот за оперативно воздухопловство на Воениот пожарникарски центар во Бразилија беа реализирани два одделни лета. Истиот ден навечер, хеликоптерот Атак истиот ден навечер слета  во дворот на Амбасадата на Турција во Бразилија. 

Во склопот на организираниот прием на затворањето на Роудшоуто, во дворот на турската амбасада беше приредена статичката презентација на хеликоптерот Атак. На презентацијата присуствуваа високи бразилски воени и цивилни функционери и претставници на странските мисии. Освен тоа, на поканетите амбасадори и на сите воени аташеа им беа претставени, т.ј. презнетирани, ѝ Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) ѝ хеликоптерот Атак.

Во рамките на Роудшоуто кое започна во Таубате на 25 март, хеликоптерот „Атак“ со кој летаа 11 пилоти, оствари 22 лета во времетраење од приближно 18 часа и леташе 1.360 милји. 

Летајќи околу статуата на Исус, еден од симболите на градот Рио де Жанеиро, турскиот хеликоптер „Атак“ со својот перформанс освои признание и кај пилотите и кај публиката.

Хеликоптерот Атак леташе и околу статуата на Исус Спасителот, едниот од симболите на градот Рио де Жанеиро, и притоа со својот перформанс се стекна со признанија, ѝ кај пилотите, ѝ кај гледачите.  

 



Слични вести