ЕП го усвои нацрт законот за намалување на емисиите на јаглерод кај автомобилите и камионите

Според тоа испуштањето на јаглерод (издувни штетни гасови) кај новите автомобили во 2030 година ќе се намали на испод 37,5 отсто, а за камионите на испод 31 отсто, во однос на 2021 година

1172211
ЕП го усвои нацрт законот за намалување на емисиите на јаглерод кај автомобилите и камионите

Европскиот парламент (ЕП) го усвои нацрт законот за намалување на емисиите на јаглерод (издувните штетни гасови) кај автомобилите и камионите.

На пленарната седница на Европскиот парламент во францускиот град Стразбур нацрт законот со кој ќе бидат ограничени емисиите на јаглерод кај тешките возила и автомобилите беше усвоен со 521 глас „за“ наспроти 63 гласа „против“.

Според тоа испуштањето на јаглерод (издувни штетни гасови) кај новите автомобили во 2030 година ќе се намали на испод 37,5 отсто, а за камионите на испод 31 отсто, во однос на 2021 година.

За применување на овој нацрт закон треба да се добие одобрение од Советот на Европската унија.



Слични вести