Турскиот хеликоптер Атак Т129 го реализира својот прв демонстративен лет во Бразил

Турскиот хеликоптер Атак Т129 во Командата за копнено воздухопловство Форте Рикардо Кирк во Таубате го реализира својот прв демонстративен лет и перформанс, пред учеството на саемот за одбранбена индустрија во Рио де Жанеиро од 2 до 5 април

1171516
Турскиот хеликоптер Атак Т129 го реализира својот прв демонстративен лет во Бразил

Турскиот хеликоптер Атак Т129 кој од 2 до 5 април ќе учествува на саемот за одбранбена индустрија во бразилскиот град Рио де Жанеиро, во Командата за копнено воздухопловство Форте Рикардо Кирк во Таубате го реализира својот прв демонстративен лет и перформанс.

На демонстративниот чиј домаќин беше командантот за копнено воздухопловство на Бразил Карлос Валдир Агуира, заедно со претседателот за корпоративен маркетинг и комуникација на Турската компанија за воздухопловство и вселенска индустрија (ТУСАШ) учествуваа и функционери на ТУСАШ, генералниот конзул на Турција во Сао Пауло Серкан Гедик и воениот аташе во Бразил Сердар Апајдин.

Бразилскиот печат покажа голема заинтересираност кон демонстративниот лет, а воедно и бразилските пилоти и воениот персонал кои учествуваа на церемонијата со внимателност и воодушевување го следеа летот и перформансот на хеликоптерот Ататк Т129 со кој управуваа пилотите на двете земји.  

По демонстративниот лет на 10 мина бразилски пилоти кои управуваа со хеликоптерот Атак Т129 им беа доделени благодарници и макети на хеликоптерот Атак Т129.



Слични вести