Вселенскиот телескоп Хабл ја сними галаксијата Месие 49, на 56 милиони светлосни години од Земјата

Американската агенција за вселенски истражувања НАСА ја објави фотографијата на галаксијата со елипсовидна форма, како едната од групата ѕвезди во соѕвездието Девица (Вирго), сликана од страна на вселенскиот телескоп Хабл

1170181
Вселенскиот телескоп Хабл ја сними галаксијата Месие 49, на 56 милиони светлосни години од Земјата

Вселенскиот телескоп „Хабл“ ја сними галаксијата Месие 49, која е оддаделечна од Земјата 56 милиони светлосни години.

Американската агенција за вселенски истражувања НАСА ја објави фотографијата на галаксијата со елипсовидна форма, како едната од групата ѕвезди во соѕвездието Девица (Вирго), сликана од страна на вселенскиот телескоп Хабл.

На фотографијата се гледаат облаците од прашина во црвена боја и ѕвездите кои што од светлосниот зрак во центарот на галаксијата се прошируваат наоколу.

Како што се истакнува, галаксијата која што била откриена во 1771 година од страна на францускиот астроном Шарл Месие била со дијаметар од 157 илјади светлосни години и била домаќин на приближно 200 милијарди ѕвезди.

Експерти на НАСА привлекуваат внимание дека галаксијата Месие 49 која може да се набљудува од северната полутопка поради нејзината елипсовидна форма располага со помеки и нејасни облини во споредба со спиралните галаксии со сликовита и јасна градба, велат дека елипсовидните галаксии содржат постари ѕвезди и дека затоа се во побледа боја.

Вселенскиот телескоп на Американската агенција за вселенски истражувања НАСА, кој е развиен заеднички од страна на Европската вселенска агенција (ЕСА) и Научниот институт за вселенски телескопи (STScl), од 1990'та година реализира вселенски набљудувања во орбината на Земјата.



Слични вести