Беспилотното летало АНКА првпат ќе биде изложен на статичен простор

На штандот на компанијата на саемот ќе бидат изложени макети на офанзивниот и тактичко извиднички хеликоптер Т129 АТАК, хеликоптерот за општа намена ЃОКБЕЈ, напредниот авион за обука ХУРКУШ, лесниот офанзивен и вооружен извиднички авион ХУРКУШ-Ц

1170243
Беспилотното летало АНКА првпат ќе биде изложен на статичен простор

Беспилотното летало АНКА со капацитет на летање на средна алтитуда и подолг временски период кој претставува производ на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ), првпат од 26 до 30 март ќе биде изложен на статичен простор на Меѓународниот саем за поморство и  воздухопловство Лангкави 2019 што се одржува во Малезија.

Според соопштението кое беше објавено од страна на компанијата ТУСАШ, на штандот на компанијата на саемот освен системот беспилотно летало АНКА кое е усовршено за задачи како што се извидување, набљудување, утврдување на подвижни и неподвижни цели, блиска воздушна поддршка и задачите за разузнавачки сигнали, исто така ќе бидат изложени макети на офанзивниот и тактичко извиднички хеликоптер Т129 АТАК, хеликоптерот за општа намена ЃОКБЕЈ, напредниот авион за обука ХУРКУШ, лесниот офанзивен и вооружен извиднички авион ХУРКУШ-Ц и националниот борбен авион (ММУ).

Претставниците на компанијата ТУСАШ во рамките на саемот ќе продолжат со преговорите за извоз со претставниците на азиските земји кои се интересираат за беспилотното летало АНКА, а исто така ќе одржат средби на највисоко ниво и со претставниците на Малезија за набавка на леталото.

На саемот детално ќе бидат објаснети прашањата во врска со индустриската соработка, проектите за оригиналните производи и проектите за модернизација, како и активностите за задоволување на потребите на регионот од богатата лепеза на производите на ТУСАШ.



Слични вести