Зголемен бројот на жртвите на епидемијата од мали сипаници на Филипините

Претседателот на хуманитарната организација Црвен крст на Филипините Ричард Гордон рече дека имаат за цел да постигнат 100 процентна вакцинација на Филипините

Зголемен бројот на жртвите на епидемијата од мали сипаници на Филипините

Бројот на починати од нова година наваму од епидемијата на мали сипаници во Филипините се зголеми на 286 лица.

Според претпоставките, околу 3,7 милиони деца под 5 годишна возраст во земјата се наоѓаат под закана од епидемијата на мали сипаници.

Според веста на веб сајтот „ReliefWeb“ кој се објавува во Филипините, како последица на епидемијата од мали сипаници во земјата од нова година наваму досега умреа 286 лица од кои повеќето деца и бебиња.

Годинашниов број на смртни случаи од мали сипаници во споредба со лани е поголем за 42 отсто.

Црвениот крст предупреди дека во земјата во која и натаму продолжува епидемијата, околу 3,7 милиони деца под петгодишна возраст се наоѓаат под ризик.

Претседателот на хуманитарната организација Црвен крст на Филипините Ричард Гордон рече дека имаат за цел да постигнат 100 процентна вакцинација на Филипините.

Бројот на заболени од мали сипаници во земјата се приближува кон 19 илјади, додека поголемиот број од нив се регистрирани во областа Калабарзон.

Минатиот месец претседателот Родриго Дуерте родителите ги повика да ги вакцинираат децата.



Слични вести