Првото лице кое ќе отпатува на Марс може да биде и жена

На преден план во програмата на НАСА за претстојниот период се жените

Првото лице кое ќе отпатува на Марс може да биде и жена

Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) соопшти дека постои можност првото лице кое ќе стапне на Марс да биде и жена.

Претседателот на НАСА Џим Бриденстин во интервјуто за програмата на една радио емисија рече дека „Првото лице кое ќе стапне на Марс може да биде и жена“.

Бриденстин меѓудругото рече дека покрај тоа што сеуште не е точно утврдено кој ќе биде првиот човек којшто ќе стапне на тлото на Марс, истакна дека во програмата на НАСА за претстојниот период жените се на преден план.

На едно прашање на еден корисник на твитер: „Дали НАСА во претстојното патување на Месечината планира да даде место на жените?“, - Бриденстин одговори „дефинитивно да“.

НАСА планира кон крајот на месецов првпат да испрати една жена на вселенска прошетка.



Слични вести