Капсулата на „Спејс Екс“ успешно се врати на Земјата

Капсулата носач на екипаж "Кру Драгон" на "Спејс Екс" (SpaceX) развиена за Американската воздухопловна и вселенска агенција (НАСА, се оддели од Меѓународната вселенска станица (ИСС) и успешно се врати на Земјата

Капсулата на „Спејс Екс“ успешно се врати на Земјата

Капсулата „Кру Драгон“ на „Спејс Екс“ (SpaceX) успешно се врати на Земјата.

Капсулата носач на екипаж "Кру Драгон" развиена од страна на производителот на вселенски шатли и ракети на САД "Спејс Екс" (SpaceX) за Американската воздухопловна и вселенска агенција (НАСА), се оддели од Меѓународната вселенска станица (ИСС) и се врати на Земјата.

Во објавеното соопштение од НАСА се истакнува дека капсулата која беше испратена на Меѓународната вселенска станица (ИСС) за тест лет без екипаж, слета во Атлантскиот Океан на оддалеченост од 450 километри од сојузната држава Флорида, во САД.

Капсулата во 07:52 часот по локално време на САД влегла во атмосферата и во 08:45 часот се спуштила на површината на океанот. 

Капсулата „Кру Драгон“ која е произведена во рамките на „Програмата за развивање на комерцијален екипаж“ со која се има за цел да се превезуваат астронаути, на 3 март се спои со Меѓународната вселенска станица (ИСС) и 6 дена остана во вселената.

По успешниот тест лет без екипаж, со тест летот со екипаж кој што ќе се реализира во јули годинава ќе бидат испратени на Меѓународната вселенска станица (ИСС) двајца астронаути на НАСА.

Од друга страна, се истакнува дека шатлот за превоз на екипаж по име „Старлајнер“ и на американската компанија за воздухопловство Боинг која е во склопот на програмата за развивање на комерцијален екипаж, својот тест лет без екипаж се планира да го реализира во апри, доколку пак тој биде успешен својот тест со екипаж да го реализира во август.

 



Слични вести