Турција го предаде првото беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“ на Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко соопшти дека купеното беспилотно летало ИХА „Бајрактар ТБ2“ од Турција, е предадено на неговата земја

Турција го предаде првото беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“ на Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко во соопштението што го објави на својата сметка преку социјалната медија информираше за предавањето на неговата земја на беспилотното летало ИХА „Бајрактар ТБ2“ (Bayraktar TB2) кое пред извесно време беше купено од Турција. 

Порошенко истакна дека купеното беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“ од Турција, е предадено на неговата земја.

Привлекувајќи внимание дека беспилотните летала ИХА во Турција можат да извидуваат во текот на 12 часа и да реализираат напади со висока прецизност, Порошенко напиша: „Модерните беспилотни летала Бајрактар ТБ2 веќе се во Украина.“

Украинскиот претседател Петро Порошенко воедно истакна дека украинската армија продолжува да се зајакнува со модерно оружје и опрема и додаде дека купувањето на наоружани беспилотни летала е дел од програмата за партнерство меѓу Украина и НАТО.

Порошенко во својата објава преку социјалната медија го напиша и следното: „Следниот чекор на програмата пак, ќе биде да се изгради заедничка украинско-турска фабрика во градот Запорожје, во која ќе се произведуваат делови за модерни беспилотни летала.“

Инаку, украинскиот претседател Петро Порошенко вчера соопшти дека наскоро ќе се изврши тестирање на турското беспилотно летало Бајрактар ТБ2, во Украина.

Согласно договорот што го склучи Украина за купување на беспилотни летала ИХА од типот „Бајрактар ТБ2“ кои се произведуваат од страна на турската компанија „Бајкар“, беше соопштено дека ќе бидат произведени 6 беспилотни летала ИХА од овој тип и дека истите ќе и бидат предадени на Украина во рок од една година.   

Беше истакнато дека заедно со беспилотните летала „Бајрактар ТБ2“ ќе и бидат предадени на Украина и 3 системи на земјени контролни станици и опрема за нив.

 



Слични вести