Турксат се подготвува да учествува на саемот „CABSAT 2019“ во Дубаи

Турската компанија А.Д. Турксат (Türksat AŞ) на саемот од 12 до 14 март во Светскиот трговски центар во Дубаи ќе се претстави со своето радиодифузно емитување ултра ХД 4К (ultra HD 8K) и антената SOTM (Satcom On The Move)

Турксат се подготвува да учествува на саемот „CABSAT 2019“ во Дубаи

Турската компанија А.Д. Турксат се подготвува да учествува на саемот „CABSAT 2019“, најголемиот саем за радиодифузно емитување на Блискиот исток, што ќе се одржи од 12 до 14 март во Дубаи.

Според објавеното соопштение од компанијата, турската компанија А.Д. Турксат (Türksat AŞ) на саемот од 12 до 14 март во Светскиот трговски центар во Дубаи ќе се претстави со своето радиодифузно емитување ултра ХД 4К (ultra HD 8K) и антената SOTM (Satcom On The Move).

Во рамките на саемот „CABSAT 2019“, ќе бидат претставени пред претставниците на секторот и посетителите најновите услуги на Турксат во сферите на сателитската комуникација и кабловското емитување.

На штандот на Турксат ќе биде претставено ултра ХД 4К (ultra HD 8K) емитувањето кое се пренесува преку сателитот за комуникација Турксат 4Б (Türksat 4B) кој се наоѓа во источната орбита (на 50 степени) и кое претставува технологија на радиодифузно емитување на највисоко ниво.

На штандот ќе се наоѓа и антената SOTM (Satcom On The Move) произведена од страна на Турксат која со посредство на сателит обезбедува можност за економска и непрекината услуга на море и на копно, за возила во движење.

 



Слични вести