Украина наскоро ќе ги тестира беспилотните летала Бајрактар

Во рамките на договорот за продажба на беспилотните летала Бајрактар ТБ2 на Украина, кои се произведуваат од страна на Ттрската фирма Бајкар, во рок од една година на Украина ќе и се предадат 6 беспилотни летала

Украина наскоро ќе ги тестира беспилотните летала Бајрактар

Украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека комплексот беспилотни летала Бајрактар ТБ2 кои ги купија од Турција наскоро ќе бидат тестирани во неговата земја.

На постот преку профилот на твитер, Порошенко напиша дека наскоро ќе ги тестираат беспилотните летала Бајрактар, со чиј откуп постигнавме согласност со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Порошенко истакна дека во јануари потпишале договор со Турција за откуп на беспилотните летала Бајрактар ТВ2.

Во рамките на договорот за продажба на беспилотните летала Бајрактар ТБ2 на Украина, кои се произведуваат од страна на Ттрската фирма Бајкар, во рок од една година на Украина ќе и се предадат 6 беспилотни летала.

Заедно со леталата на Украина ќе и се предадат 3 контролни станици и опрема.



Слични вести