Турската екипа се врати од Третата национална научна експедиција на Антарктикот

Турската научна екипа која беше во научна мисија на Антарктикот по 36 дневните активности таму, се врати во земјата

Турската екипа се врати од Третата национална научна експедиција на Антарктикот

Заврши тешката мисија на турските научници на која што тргнаа на 29 јануари, во рамките на Третата национална научна експедиција на Антарктикот

Турската екипа која беше во научна мисија на Антарктикот по 36 дневните активности таму, се врати во земјата.

Екипата собра безброј примероци од морето и копното на Белиот континент и сите нив за нивно испитување и анализирање ги донесе во Турција.

24 члената турска научна екипа на аеродромот Ататурк во Истанбул беше пречекана од нивните семејства и валијата на Истанбул Али Јерликаја.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк исто така ја побара по телефон екипата и ѝ честиташе за успешно реализираната мисија.

Министреот Варанк рече: „И ние следевме ѝ со гордост ѝ со воодушевување. Мислам дека следеше ѝ цела Турција. Годинава кон вас покажа заинтересираност и странскиот печат. Беше успешна мисија. Нашата привремена база таму наскоро би можеле да ја доведеме во трајна состојба. И ние сигурно треба да располагаме со право на збор на половите, на Антарктикот. И нашите научници би требало таму да вршат истражувања. Вие бевте предводници за тоа. Многу ви благодариме.“

Водачот на Третата национална научна мисија на Антарктикот Доцент д-р Бурџу Озсој, им се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк за нивната поддршка на проектот.     

Турската спортистка репрезентативка, светска рекордерка во слободно нуркање Шахика Ерџумен, истакна дека тоа што  таму се стекна можност да го развиори турското знаме на Антарктикот претставуваше голема гордост за неја и рече: „Нашето знаме доликуваше таму. Им благодарам на сите. Му благодарам на нашиот министер.“

 

 



Слични вести