Првиот антисерум против беснило во Турција ќе биде произведен на крајот на 2019 г.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк истакна дека на крајот на оваа година првиот антисерум против беснило во Турција ќе биде произведен во фабриката на А.Д. Биолошки производи, индустрија и трговија АЛБИЛА Серум во градот Ескишехир с

Првиот антисерум против беснило во Турција ќе биде произведен на крајот на 2019 г.

Првиот антисерум против беснило во Турција ќе биде произведен на крајот на годината.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк ја посети фабриката на А.Д. биолошки производи, индустрија и трговија АЛБИЛА Серум, формирана во градот Ескишехир од страна на „40 жени-инвеститори ангели“, од водечките жени бизнисмени во земјата.

Во говорот што го одржа во оваа пригода министерот Варанк истакна дека во фабриката се инвестира во антисеруми кои што се произведуваат против каснување т.ј. труење од скорпија и змија, а кои се развиваат од страна на доцент д-р Фиген Чалишкан професорка на Катедрата за биологија на Факултетот за  книжевност и природни науки при Универзитетот Османгази во Ескишехир (ЕСОГУ). 

Велејќи дека во фабриката се произведува антисерум против труење од скорпија и змија, министерот за индустрија и трговија Мустафа Варанк рече: „Иншаллах на крајот на оваа година првиот антисерум против беснило во Турција ќе го произведе АЛБИЛА. Благодарение на тоа ќе се стави крај и на увозот во износ од десетици милиони долари што го реализира Турција.“



Слични вести