Брзинско ограничување од Волво

Целта на одлуката која беше усвоена согласно Визијата за 2020 година е да се намалат повредите и смртните случаи во сообраќајот

1157063
Брзинско ограничување од Волво

Автомобилската компанија Волво од идната година за сите автомобили ќе почне со спроведување на брзинско ограничување од 180 км на час.

Во соопштението кое беше објавено од страна на шведската компанија беше истакнато дека во автомобилите од 2021 година ќе почне спроведувањето на брзинско ограничување од 180 км на час.

Целта на одлуката која беше усвоена согласно Визијата за 2020 година е да се намалат повредите и смртните случаи во сообраќајот.

За тоа компанијата ќе ги примени технологиите за контрола на брзината и виртуелно опкружување, а истовремено ќе работи на автоматското ограничување на брзината во близината на болниците и училиштата.



Слични вести