Турскиот хеликоптер Атак во јуни за прв пат ќе биде претставен во Бразил

Турскиот офанзивен хеликоптер Атак кој го привлекува вниманието на голем број земји, во јуни за прв пат ќе биде претставен во Бразил

Турскиот хеликоптер Атак во јуни за прв пат ќе биде претставен во Бразил

Првиот офанзивен хеликоптер на Турција во месец јуни за прв пат ќе биде претставен во Бразил.

Хеликоптерите Атак кои располагаат со ефикасна огнена моќ и супериорна способност за маневрирање, ја исполнуваат во потполност својата задача под секакви временски услови.

Поради сиве овие негови способности Атак го привлекува вниманието на голем број земји.

Најголемиот  договор за извоз во историјата на турската одбранбена индустрија постигнат со Пакистан, беше реализиран благодарение на хеликоптерот Атак.

Сега турскиот хеликоптер Атак за прв пат ќе биде претставен и во Латинска Америка.

Претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир истакна дека хеликоптерот Атак кој беше претставен во различни делови во светот во наредните денови ќе биде претставен на саемите и во Малезија и во Бразил.

Тој рече: "Тоа што Атак таму ќе излезе на шоу и демонстрација ќе ја поттикне тамошната заинтересираност. Саемот во Бразил е од значење од наш аспект по тоа што ќе ја привлекува заинтересираноста на цела Јужна Америка."



Слични вести