Капсулата Кру Драгон пристигна на Меѓународната вселенска станица (ИСС)

Од страна на НАСА е соопштено дека капсулата Кру Драгон која што во рамките на тест летот без екипаж вчера од Кенеди во Флорида во САД беше лансирана со ракетата Фалкон 9 произведена од страна на Спајс Екс, пристигнала на Меѓународната вселенска станица

Капсулата Кру Драгон пристигна на Меѓународната вселенска станица (ИСС)

Капсулата "Кру Драгон" развиена од страна на производителот на вселенски шатли и ракети на САД "Спајс Екс" (SpaceX) за Американската воздухопловна и вселенска агенција (НАСА), пристигна на Меѓународната вселенска станица (ИСС).

Во објавеното соопштение од НАСА е соопштено дека капсулата Кру Драгон која што во рамките на тест летот без екипаж вчера од вселенскиот центар Кенеди во сојузната држава Флорида во САД беше лансирана со ракетата Фалкон 9 произведена од страна на Спајс Екс, пристигнала на Меѓународната вселенска станица (ИСС).

Капсулата Кру Драгон која е произведена во рамките на програмата за развивање на комерцијален екипаж со која се има за цел да се превезуваат астронаути, во вселената ќе остане во текот на 6 дена.

Доколку тестот помине успешно капсулата во месец јули со тест летот со екипаж ќе превезе на Меѓународната вселенска станица (ИСС) двајца астронаути на НАСА.

Од друга страна, беше истакнато дека шатлот за превоз на персонал по име „Старлајнер“ и на американската компанија за воздухопловство Боинг која е во склопот на програмата за развивање на комерцијален екипаж, својот тест лет без екипаж се планира да го реализира во апри, доколку пак тој биде успешен својот тест со екипаж да го реализира во август.



Слични вести