Шахика Ерџумен изведе специјално нуркање во водите на Антарктикот

Шахика Ерџумен која се наоѓа на Антарктикот заедно со турските научници, даде поддршка на активностите за формирање Привремена научна база на Турција со изведување на специјално нуркање во смрзнувачките води на „Белиот континент“

Шахика Ерџумен изведе специјално нуркање во водите на Антарктикот

Турската спортистка репрезентативка, светска рекордерка во слободно нуркање Шахика Ерџумен, на „Белиот континент“ каде што се наоѓа во рамките на Третата национална научна експедиција на Антарктикот, по повод отворањето на Турскиот камп за научни истражувања изведе специјално нуркање.

Во рамките на Третата национална научна експедиција на Антарктикот, која инаку се реализира под покровителство на претседателот Реџеп Тајјип Ердогани со ингеренции на Министерството за индустрија и технологија, е формиран Турски камп за научни истражувања.

Шахика Ерџумен која се наоѓа на Антарктикот заедно со турските научници исто така даде поддршка на активностите за формирање привремена научна база на Турција.

Во тие рамки, Ерџумен веднаш по формирањето на Турскиот камп за научни истражувања изведе специјално нуркање во смрзнувачките води на „Белиот континент“ во близина на островот Хорсешое.

Шахика Ерџумен претпочиташе да користи костим за нуркање, без специјална заштита од студ, и за време на ова нејзино изведено нуркање температурата на воздухот изнесуваше минус 15 степени, а температурата на водата беше измерена како нула степени.

Ерџумен нуркаше помеѓу огромните санти мраз и притоа и покрај смрзнувачкиот студ остана во вода приближно 1 час.

Турската спортистка репрезентативка, светска рекордерка во слободно нуркање Шахика Ерџумен, своето прво нуркање во смрзнувачките води на „Белиот континент“ во рамките на Третата национална научна експедиција на Антарктикот го изведе во близина на островот Кинг Џорџ.



Слични вести